услуги

Нудиме целосна палета на услуги: од домен, преку хостирање, сопствен ВПС сервер и веб дизајн, како и комплетна услуга за спроведување на онлајн настан: сите конференциски сервиси, специјализирани онлајн платформи според Вашите потреби, обука и тренинг, професионална техничка поддршка пред, за време на настанот и потоа и дополнителни услуги.

Заинтересирани сте да креирате онлајн настан, конференција, семинар, обука, предавање?

Ние Ви нудиме:

– нов домен

– хостинг за веб страница

– сопствен ВПС сервер за Вашиот онлајн настан

– поставување на информативна веб страница за конференцијата, семинарот, обуката

– изнајмување на конференциски сервис

– креирање на онлајн платформа за спроведување на конференција, обука, семинар и сл.

– дизајн на веб страница и платформа

– обука и тренинг за спроведување на онлајн настан

– техничка поддршка за целиот настан

 – изнајмување на професионална аудио и компјутерска опрема

– Facebook / Instagram маркетинг

Email маркетинг

 

online-events.mk

Подготвени да направите вистински промени? Да ги креираме заедно!

повеќе информации

контактирајте со нас

+389 75 333-119

+389 70 883-958

Креирањето на онлајн настан е голем предизвик. Затоа дозволете професионалци да се погрижат за Вашиот онлајн настан. 

Домен

голем избор на домени за Вашиот онлајн настан

Повеќе

За вашиот настан потребен Ви е нов домен? Ние ќе се погрижеме саканиот домен да го добиете во најкраток можен рок и по најповолни цени на пазарот.

Хостинг

Брзо и безбедно публикување и хостирање на Вашите сајтови

Повеќе

Имате ли веќе посточка веб страница? И за неа плаќате веќе хостинг? Но дали сте се запрашале, дали Вашата хостинг понуда ќе издржи истовремена посета на голем број на корисници? Дали Вашите хостинг ресурси се доволни за спроведување на онлајн настан?

Ние нудиме различни хостинг пакети за секакви потреби. Нашите експерти ќе Ви помогнат да го изберете правиот хостинг пакет за Вашата потреба.

во соработка со

https://www.maxhosting.mk/

ВПС Сервер

Сопствен сервер за Вашиот онлајн настан

Повеќе

Доколку Вашиот хостинг не е доволен за спроведување на онлајн настан, можете да изберете ВПС сопствен сервер, каде може да се хостира Вашата веб страница, сопствениот конференциски сервис, како и онлајн платформата за спроведување на конференцијата, семинарот, обуката или Вашата работилница. Нудиме квалитетни ВПС сервери со локација во ЕУ и УСА. Инсталирањето, кастомизацијата, дизајнирањето, бејкапот и одржувањето на ВПС серверите е наша обврска, додека големиот број на наши задоволни корисници е наше задоволство.

Веб дизајн

Изработка на современа веб страница

Повеќе

Изработуваме модерна веб страница, специјализирана за Вашиот онлајн настан, каде учесниците ќе имаат можност целосно да се запознаат со Вашиот оналајн настан, конференција, обука, семинар, работилница, онлајн саем и сл. Во неа се поставуваат информациите за термини, предавачи, програмата за онлајн настанот, како и други информации за настанот, информации за спонзорите и сл. На оваа страница се креира онлајн настанот, со можност за пријавување, тикетинг сервис, продажба на билети, онлајн плаќање со кредитна или дебитна картичка, вирманско плаќање, плаќање на фактура, споделување на информации, линкови за настанот, како и поврзување со онлајн платформата за спроведување на онлајн настанот и автоматско поврзување со конференцискиот сервис. Инсталирањето, дизајнот и одржувањето на Вашата веб страница е наша обврска.

Конференциски сервис

Имплементација на вебинари и сл. конференциски услуги

Повеќе

Нашиот тим има искуство со голем број на конференциски системи. Оттука Ви нудиме користење на најдобрите за 2021 год.

Adobe Connect

 

Cisco WebEx

 

 

Microsoft Teams

Skype

Zoom

 

За Вашиот онлајн настан заедно избираме за Вас и Вашите потреби, најдобриот конференциски систем, верзија на претплата, додатоци и алатки, како и клауд меморија.

Споредба на сите овие конференциски системи и други информации, можете да прочитате на следниот линк:

https://digital.com/conference-call-services/

Онлајн платформа

Онлајн платформа, активности и ресурси

Повеќе

Нудиме квалитетна платформа за онлајн настан, конференција, семинар, обука или работилница, која нуди поставување на материјали, ППТ презентации, креирање на анкети, квизови, задавање на задачи, работилници, чат и сл. Таа е од затворен тип, односно, до неа се пристапува со корисничко име и лозинка. Нуди голем број на можности, како сто се: следење на учесниците, оценување, задавање на задачи, тестирање, електронско издавање на сертификати, евалуација, заштитено поставување на материјали, видео и аудио материјали, фотографии и сл. со неа се креираат групи и тимови, додека со помош на форумот, можат да се изведуваат голем број на активности.

Погодна е исто така и за изведување на онлајн саем .

Нуди можност и за повторна употреба, за други намени и онлајн настани.

Инсталирањето, дизајнот и кастомизацијата, како и одржувањето, апдејт и бејкапот се наша обврска.

Обука и тренинг

Обука на корисници за користење на сервисите

Повеќе

За сите наши услуги нудиме обука и тренинг за нивно користење и примена во онлајн настаните. Овие обуки пред се се наменети за организаторите и за обучувачите, како и за предавачите во сите видови на онлајн настани. На овие обуки детално ќе се запознаете со алатките и ресурсите, нивна примена во онлајн настаните, можности и карактеристики, се со цел професионален пристап и користење на услугите, а со тоа и до одлично спроведена онлајн конференција, обука, работилница или семинар. 

Техничка поддршка

Врвна и квалитетна поддршка за Вашиот настан

Повеќе

за сите наши услуги даваме целосна и професионална техничка поддршка, пред настанот, за време на настанот и после настанот. 

Нашите експерти од повеќе области ќе се погрижат Вашиот онлајн настав да биде безпрекорно изведен, без никакви потешкотии, технички проблеми и сл.  

Изнајмување на опрема

аудио, видео и компјутерска опрема

Повеќе

За беспрекорна услуга, нашиот тим изнајмува професионална техничка опрема, и тоа:  аудио опрема за спроведување на онлајн конференција (миксети, звучници, микрофони и сл.) как о и видео опрема (ХД камери, веб камери, видео миксери, микрофони), како и потребна компјутерска опрема (десктоп и лаптоп компјутери).

Facebook / Instagram маркетинг

Поддршка и стратегија

Повеќе

Маркетингот е важен дел од денешното секојдневие. Тимот на експерти ќе ви помогне да спроведете одлична Facebook / Instagram кампања, со која Вашата онлајн активност ќе се промовира на интернет. Со ваква кампања ќе добиете поголем број на учесници на вашиот онлајн настан, а воедно и јавноста ќе биде добро информирана за вашите активности. 

Email маркетинг

Поддршка и стратегија

Повеќе

Со помош на емаил маркетингот, Вашиот онлајн настан ќе се промовира кај одредена група на учесници и заинтересирани поединци или институции. Нашите алатки за емаил маркетинг секогаш ќе се гришат за информараноста на Вашите сегашни и потенционални клиенти.